"Aurora" изглед на камен

Со техниката AURORA постигнуваме изглед на камен, во кој се видливи мали нерамнини и празнини на површината. На површината се прелива камениот сјај од мермерот проследен со метални примеси. На места потсетува на рубинот Ahat или природнот мермер Aurora, од каде и потекнува името на техниката. На места каде измазнувањето е многу интензивно, се добива чувство на голема длабочина. На местата каде што површината е матирана, на површината се гледаат само траги и нежни контури на примерокот, кои се исполнети со JUB Decor Glamour.

Техника "Aurora"
Подготовка и начин на изработка

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА

  1. Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината, по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
  2. Израмнување на подлогата: со Jubolin kit (Jubolin P25, или P50), со нерѓосувачка глетарка.
  3. Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
  4. Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).

НАЧИН НА ИЗРАБОТКА

Нанос нa Marmorin

со измешани потези на четката, релјефно. Должина на потегот е 5 –10 сm. Дебелина на наносот ~ 2 –3 mm. Marmorinot го нанесуваме од левиот горен агол на ѕидот кон долниот десен агол.

Израмнување на дебелината

Се одзема многу малку, со глетарка, додека е се уште влажно. Подлогата ќе впие дел од течноста, така што површинскиот нанос на Marmorinot ќе згусне. Внимателно ги измазнуваме најистакнатите делови од Marmorinot, така што да не ја пополниме целата површина.

Нанос на JUB Decor Glamour

Кога наносот е потполно сув, со глетарка нанесуваме JUB Decor Glamour, бојата се втиснува на целата површина. Аголот на глетарката во однос на површината најдобро е да биде помеѓу 300 и 450, со големо триење. Помеѓу наносите се пегла на мокро, што создава подобра нијанса и поголемо чувство на длабочина.

Алат и Материјали

Алат

  • Валјак
  • Четка
  • Нерѓосувачка заоблена глетарка
  • Нерѓосувачка лопатка

Материјал

  • Marmorin
  • JUB Decor Glamour
  • JUPOL Gold
  • Akrilna emulzija
  • Jubolin kit (P25, P50)

Jub Design Studio

Пристап

Тон карта

Погледјате
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk