- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
Jubizol Micro Air
Фасаден систем што дише
Опис
Топлотно изолацискиот фасаден систем JUBIZOL Micro Air обезбедува висока пареопропусност и одлична топлотна и звучна изолација. На јадрото на системот е иновативна перфорирана изолациска плоча Jubizol EPS F-W2 или EPS F-G2, која обезбедува одличенa пропустливост на водена пареа. Со посебен избраните компоненти на системот: Micro Air малтерот со силикатен завршен малтер направивме систем во кој нема кондензација. Оптималната пареопропусност, одличната топлотна и звучна изолација на системот создаваат здрави микроклиматски услови, кои се темел на удобниот живот. Системот Jubizol Micro Air обезбедува голема едноставност при вградувањето, во однос на класичните системи со минерална волна.
Карактеристики на фасадата
- Време на гаранција 25 години;
- обезбедува одлични услови за живеење;
- многу висока пропустливост на пареа;
- одлични услови за живеење;
- одлична топлинска изолација;
- добра звучна изолација.
Детали
- топлотна заштита во нова градба и постојни објекти со барање на зголемена пропустливост на пареа на фасадниот изолациски систем;
- за сите видови на цврсти подлоги;
- фасадни површини кои имаат барем минимални кровни стреи;
- главно за топлотна изолација на нови и обновување на постојните станбени или комерцијани објекти со висина до 22 m, како и индустриски и слични објекти.
За системот Jubizol Micro Air е добиена Европска техничка согласност - ETA.
Својства
Состав на фасадниот систем Jubizol Micro Air:
Нанос |
Состав |
Производ |
---|---|---|
1 |
Изолациска облога |
JUBIZOL EPS-F-W2 (бел со дупки), EPS F-G2(графитен со дупки) |
2 |
Лепило |
Jubizol Micro Air Fix |
3,5 |
Основен малтер |
Jubizol Micro Air Fix |
4 |
Армирање |
Jubizol fasadna mrežica min 160 g/m2 |
6 |
Основен премаз |
Jubizol Unigrund |
7 |
Завршна обработка |
Jubizol Silicate Finish S 1,5 mm Jubizol Silicate Finish S 2,0 mm Jubizol Silicate Finish T 2,0 mm __________________________ Jubizol Silicone Finish S 1,5 mm Jubizol Silicone Finish S 2,0 mm Jubizol Silicone Finish T 2,0 mm |
За системот Jubizol Micro Air има добиено Европска техничка согласност - ETA. За ваквото одобрение еднаш годишно се врши контрола на производството од страна на Институтот за градежништво од Словенија - ZAG.
Ви препорачуваме