JUBIZOL EPS F Graphite – G3

Сив EPS со засеци

Опис

EPS-EN 13163-L2-W2-T1-S2-P5-DS(N)2-DS(70,-)1-BS115-TR150-CS(10)70

плоча од експандиран полистирен (EPS) со додаток на графит за топлинска изолација на фасади на новоградби или за доизолација на фасадни ѕидови. Се употребува за изведба на топлотно изолациски слоеви со дебелини над 20 cm.

Посебноста на графитниот EPS се додадени графитни честички, кои ја одбиваат топлината и со тоа значително го смалуваат преносот на топлина. Во споредба со белиот EPS при еднакви дебелини на изолацијата, енергетската ефикасност е подобрена за 20%. Посебно се употребува таму, каде што е потребна помала дебелина на фасадата заради изгледот на надворешните и внатрешните полици, тераси, балкони ...

Својства

  • 20% подобар изолатор во споредба со белиот EPS;
  • одличен топлински изолатор;
  • мало впивање на вода;
  • постојан и траен;
  • пареопропусен;

  • има добри механички својства при мали тежини;
  • ја намалува можноста од настанување на површинска кондензација на внатрешните страни од фасадните ѕидови;
  • заштита од преголеми дилатациски движења;
  • оптимална и економична топлинска заштита на надворешните ѕидови;
  • не е штетен за околината.

Предност при вградување

  • одлично прифаќање на лепила на основни малтери;
  • димензиски стабилен;
  • не иритира и не се рони;
  • едноставен за вградување.

 

Детали

Технички податоци

  • ширина / должина: 50 / 100 cm;
  • дебелина на плоча: 15 дo 30 cm;
  • коефициент на топлинска спроводливост λ: 0,032 W/mK;
  • коефициент на дифузиски отпор на водена пареа μ: 20 - 40;
  • класа на огноотпорност  (EN 13501-1): E , во JUBIZOL системот B-s1, d0;
  • цврстина на затегање под прав агол на површината: 150 kPa.

 

Важно

Изолациските плочи не смеат да бидат изложени на директно сончево зрачење. При лепењето на изолациските плочи на површината, задолжитено е употреба на заштитни завеси.

Пред употреба, детално прочитајте го техничкиот и сигурносниот лист.

Документи

Својства 
JUBIZOL- Energy saving system (transparent)
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk