- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
»Travertin« изглед на камени блокови
Со техниката TRAVERTIN се доближуваме до изгледот на каменот, во кој се видливи делови на нерамнини и празнини на површината, на места се забележуваат ситни дупчиња во релјефот. Површината е полу матирана со видливи траги по релјефот на примерокот.
Техника »Travertin«
Подготовка и начин на изработка
ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА
- Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината, по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
- Израмнување на подлогата: со Jubolin kit (Jubolin P25, или P50), со нерѓосувачка глетарка.
- Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
- Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).
Начин на изработка
Нанос на Marmorinot со глетарка, големината на обработуваната површина е 0,5 - 1 m2. Дебелина на наносот ~2 –3 mm. Marmorinot не смее да засуши, пред да се обликува структурата на примерокот.
|
|
Обликување на структурата на Мarmorinot додека површината е сé ушта влажна, употребуваме декоративна четка. Со неа создаваме изглед на порозна површина. На сe уште влажниот Мarmorin, со декоративна четка правоаголно на површината втиснуваме вдлабнатини со хоризонтални брановидни преоди. Структурата на вдлабнатините да не преминува 1/3 од вкупната површина. Густината на примерокот зависи од бараниот завршен изглед. |
|
Израмнување на дебелината со нерѓосувачка глетарка (нежно), додека е влажно и додека делумно не „стегне“. Подлогата ја впива дел од течноста, така што површинскиот нанос на Мarmorinot се згуснува. Внимателно за да не ги пополниме премногу вдлабнатините, ги измазнуваме врвчињата на површината кои се испакнати, во исто време со глетарката создаваме флекавост, како последица на „лепењето“ на глетарката со Мarmorinot. Ни остануваат места ( ~ 1/3 од површината), каде што глетарката нема да ја промени структурата. |
|
Обликување на површината во облик на камени блокови со „засекување“ на површината од Мarmorinot. Површината треба да биде сува на допир, во исто време и мека. Означуваме хоризонтално и вертикално, со летва за израмнување и алат за засекување, засекуваме по означениот примерок. По засушувањето на површината, вдлабнуваме и ги поправаме засеците со брусна хартија со ознаки 100 –150. Во случај на оштетување на примерокот, може да се поправи со разреден Marmorin (до 20% со вода). |
|
Нанос на Marmorin Shine површината нежно ја измазнуваме со нерѓосувачка глетарка или широка нерѓосувачка лопатка. Површината е делумно матирана со суптилни траги на сјај. Со синтетичка крпа нанесуваме Marmorin Shine. |
Алат и Материјали
Алат
- Валјак
- Нерѓосувачка лопатка
- Четка
- Летва за израмнување
- Нерѓосувачка заоблена глетарка
- Алат за засекување (може и штрафцигер)
- Синтетичка крпа
Материјал
- Marmorin
- JUPOL Gold
- Jubolin kit (P25, P50)
- Marmorin Shine
- Akril emulzija