- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
Внатрешни бои и декоратива
Луѓето поминуваат многу време во внатрешните простории, па затоа сакаме нив да ги уредиме така да им одговараат на нивните желби и расположение. При тоа, боите кои не опкружуваат, се тие, кои најчесто несвесно влијаат на чувствата и расположението: просторот го прават посветол или потемен, ладен или топол, разигран или здодевен.
Внатрешни бои
Својства на бојата
Купувате боја? Внимавајте на:
ПОКРИВНОСТ |
способност на бојата, при одредена дебелина на наносот да ја покрие дамката. Сите наши бои се распоредени во двете највисоки класи и се одликуваат со одлична покривност. Во највисоката класа (покривност над 99,5%) - се вбројуваат боите Jupol Trend, Jupol Junior, Jupol Latex и Jupol Brilijant. |
„ПЕРИВОСТ“ |
Кај перивите бои, дамките можат да се отстранат со минимално намалување на дебелината и без видливи оштетувања на бојата, само со употреба на кујнска крпа и сретство за чистење. Во категоријата на периви бои спаѓаат: Jupol Latex, Jupol Brilijant, Jupol Gold, Jupol Trend, Jupol Junior и Jupol Silikat. Боите Jupol Classic и Jupol Citro можат без страв од оштетување да се избришат со сува крпа. |
ПАРЕОПРОПУСНОСТ |
Способност на премазот за пропуштање на испарувањата од водена пареа. Производите од фамилијата Jupol се добро пареопропусни, или лаички кажано добро „дишат“. |
СОДРЖИНА НА ИСПАРЛИВИ ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА (VOC) |
Испарливите органски соединенија како што се растворувачите, негативно влијаат на вашето здравје. Затоа подобро одберете бои кои не се штетни по здравјето. Ние во JUB се грижиме сите наши внатрешни бои да содржат под 0,1 g/l VOC, што е далеку под најниската дозволена граница. |
СЈАЈ |
Количината на „сјајот“ на бојата е прашање на вкусот, а општо пак важи дека при боење со „мат“ бои со помалку сјај, помалку се гледаат грешките кои сме ги направиле при боењето. |
Каква боја да одберете?
Барате боја, која.... |
Одберете |
---|---|
...содржи ефикасна заштита од мувла? |
|
...е високопокривна и може да се нијансира во повеќе од 10.000 нијанси? |
|
...е покривна само со еден нанос? |
|
...е високопокривна и пареопропусна, отпорна на суво бришење и ја купува секој седми од дест потрошувачи? |
|
...е високопокривна и во веќе подготвени модерни нијанси? |
|
...има добиено европски сертификат Ecolabel? |
|
...ги блокира дамките од никотин, кафе, вино, водени боички, масло...? |
|
...се одликува со 10 пати поголема отпорност на механички оштетувања на филмот од боја и 10 пати поголема перивост во споредба со обичните внатрешни ѕидни бои? |