- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
„Mica“
Со техниката MICA постигнуваме изглед на фини надолжни бразди, кои на површината делуваат многу нежно. И покрај тоа материјалот е многу отпорен, па затоа е погоден и за пооптоварени ѕидни површини. Името на декоративната техника произлегува од латинскиот збор Micare, што значи парче, златно зрно, на што укажува и конечниот изглед на оваа декоративна техника.
Техника "Mica"
Подготовка и начин на изработка
Подготовка на подлогата
- Израмнување на подлогата: со Jubolin кит (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
- Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
- Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).
Начин на изработка
Боење на подлогата подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Се употребува нијанса на JUPOL lateks polmat, така што се комбинираат нијанси на бои слични на Decor Perla. Нанос со валјак Perlata ја нанесува првиот мајстор, на површина од 0,5 должен метар. Дебелината на наносот е 0,5 –1 mm. Perlata не смее да се засуши пред вториот мајстор да ја обликува структурата на примерокот. |
|
Обликување на структурата вториот мајстор со декоративна четка веднаш ја обликува структурата на примерокот со вертикални потези. По завршувањето на секој потег, четката ја чистиме со чукање така што секој нов потег го отпочнуваме со празна декоративна четка. |
Алат и Материјали
Алат
- валјак “flok”
- Природен валјак
- Нерѓосувачка глетарка
- Декоративна четка
Материјал
- Perla
- Akril emulzija
- Jubolin kit (P25, P50)
- Jupol lateks polmat