- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
JUBIZOL Premium
Самочистечки фасаден систем
Опис
Наменет е за топлотна изолација на престижни објекти, кај кои со избраната палета на бели и светли пастелни нијанси се обезбедува посакуваната елеганција и допадлив минимализам. Високата водоодбивност и малото прифаќање на нечистотија се резултат на нано технологијата, која овозможува употреба на системот и на фасадни површини на високи објекти кои се изложени на врнежи. Системот е посебно добар за загадени околини, како индустриски центри, солени и морски поднебја и други.
Карактеристики на фасадата
- Време на гаранција 25 години (за системи со EPS);
- одлична водоодбивност и самочистечки карактеристики при употреба на завршен слој со Nanoxil;
- елегантни и минималистички бели и светли пастелни нијанси;
- долготрајна отпорност од заразување со алги и мувла;
- можност за избор на изгледот на измазнетата фасадна површина со различни гранулации;
- висока противпожарна отпорност, за варијанти со ламели од минерална волна;
- 20 % помала дебелина на изолацијата, при употреба на EPS графит;
- висока пареопропусност (при употреба на завршен слој Jubizol Nano Finish).
Детали
- за сите видови ѕидни подлоги и при најсложени експлоатациски услови;
- за топлинска заштита на нови и топлинска санација на постоечки непорблематични станбени, деловни и други објекти со висина до 22 m, со минимална или без заштита во многу загадена средина;
- вградување на ламели од минерална волна за сите видови на јавни и деловни згради (детски градинки, училишта, болници, домови за стари лица) со барања за зголема противпожарна заштита;
- за топлотна санација или топлотна заштита на нови станбени згради со висина над 22 m;
- вградување на ламелите, обезбедува добра звучна изолација.
За системот JUBIZOL Premium е добиена Европска техничка согласност - ETA.
Документи
JUBIZOL Premium - tehnični list(pdf , 674.61 KB)
Својства
Состав на фасадниот систем JUBIZOL Premium
Нанос |
Состав |
Производ |
---|---|---|
1 |
Изолациска облога |
Jubizol EPS-F-D0 SunStop Premium Може да се употреби и Jubizol EPS-F-G0,G1,G2 или SunStop (графитен и графитен со преклоп) |
2 |
Лепило |
Jubizol Ultralight Fix |
3,5 |
Основен малтер |
Jubizol Ultralight Fix |
4 |
Армирање |
Jubizol fasadna mrežica 160 g/m2 |
6 |
Основен премаз |
Jubizol Unigrund |
7 |
Завршна обработка |
Jubizol Unigrund Jubizol Nano Finish S 1,5 mm Jubizol Nano Finish S 2,0 mm Може да се употреби и Jubizol Trend Finish S(измазнет), Т (пердашен) со гранулација од 1,5 и 2,0 mm. |
За системот Jubizol Premium има добиено Европска техничка согласност - ETA. За ваквото одобрение еднаш годишно се врши контрола на производството од страна на Институтот за градежништво од Словенија - ZAG.
Ви препорачуваме