Неочекувани идеи за боење на sидови

Архитектката Нина Штајнер вели дека менувањето на боите на ѕидовите е еден од најлесните и најприфатливите начини за брзо освежување на Вашиот дом. Сè што ни треба за да ги обоиме sидовите е слободно попладне, заштитна фолија за покривање на мебелот, валјак, четка, лента за боја и се разбира, нова боја. Оние од нас кои редовно ги следат трендовите во областа на дизајнот на ентериерот, забележуваат дека трендовите на боите практично се менуваат од сезона во сезона, а најлесниот начин да ги следите е да изберете од боите за ѕидови JUPOL Trend. Во JUB штотуку лансиравме освежена колекција на бои JUPOL Trend, кои можат да се пофалат со 18 нови претходно подготвени нијанси по најнова мода, како и со ново пакување. Една кантичка е доволна за да се обои околу 20м2 ѕидна површина, а бојата изгледа навистина убаво по само едно нанесување. Домашните мајстори исто така ќе бидат задоволни од фактот дека боите JUPOL Trend се веќе целосно подготвени за директна употреба.

Кога одлучуваме за стилско освежување во домот, обично сакаме што е можно повеќе промени со што помалку напор. Боењето на целиот простор навистина звучи како малку понапорен проект, затоа претпочитаме да размислуваме за боење на помали површини, но нема потреба да се ограничуваме на боење само на еден ѕид. Претпочитаме да ја оставиме фантазијата да дивее и да си дозволиме малку смелост. За оваа цел Нина Штајнер подготви уште неколку екстравагантни идеи, со чија помош можете само делумно да ги обоите sидовите и со тоа да внесете нов живот во просторот. Нина Штајнер сподели мала тајна со нас: една кантичка од Вашата омилена нијанса JUPOL Trend е доволна за да ги имплементирате повеќето од следниве идеи.

Во поголем заеднички простор за живеење, индивидуалните функционални зони можат да се одделат со помош на ѕидни бои. На постоечката фотографија можеме да видиме како работниот агол во дневната соба е истакнат со сино обоен ѕид.

Наместо целиот ѕид можеме да обоиме само дел од него и на тој начин да создадеме вистинска уметничка слика. Жолтиот круг од фотографијата потсетува на сонцето и внесува живост во спалната соба.

Преголемите површини со темни бои го оптоваруваат просторот и навидум го намалуваат. Ако сè уште сакате потемни бои во собата, можете да се одлучите за боење во риги. Линиите со различна дебелина ја разбиваат монотонијата, а исто така е важно да се има предвид правилото дека вертикалните линии оптички го креваат и стеснуваат просторот, додека хоризонталните линии го спуштаат и прошируваат просторот.

Површина опремена со неутрална естетика може целосно да ја промени сликата со свежи бои на ѕидот. Комбинација на розови и портокалови sидови на трпезаријата со изглед на скандинавските, додава разиграност и топлина.

Делот од ѕидот што е повеќе изложен на триење треба да биде обоен со потемна боја, на која помалку се гледаат помали гребнатини и нечистотија. Неправилниот крај на линијата на боите го нагласува бунтовниот карактер на просторот.

Силно хроматските бои во големи количини се премногу доминантни и бодливи за очите. Затоа претпочитаме да ги нанесуваме во домот во помали количини и да ги користиме за да обоиме само делови од ѕидовите. За да обезбедиме единство на амбиентот, избираме нијанси што се компатибилни со елементите на мебелот.

Бојата на површини со различна текстура сјае во сосема поинакво светло. За неочекуван ефект, започнуваме да боиме мазен ѕид и ѕид од тули со текстура со иста нијанса, а за дрвени подови бираме универзална боја за дрво JUBIN Decor во соодветна нијанса.

Кога дизајнираме соби честопати сакаме да заборавиме на површината на таванот. Зошто да не играте со интересна боја или комбинација од неколку нијанси на него?

За поживописни тонови на бои, голем ефект имаат дури и помалите обоени површини, како што е обоената линија која ја следи линијата на вратата!

Кога ние во семејството не можеме да се согласиме да употребиме една одредена нијанса, можеме да избереме комбинација од неколку компатибилни нијанси.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk