- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
"Spatolato" природна структура на мермер
Со техниката SPATOLATO постигнуваме изглед на длабочина на природен камен и прекршени сегменти во самиот камен. Мермерот во природата е полутранспарентен камен, а нијансите му ги даваат минералните примеси и друго. Со големиот избор на нијанси, можеме многу да се приближиме до саканата нијанса, а пак со избраната техника SPATOLATO и на природната структура на мермерот.
Техника "Spatolato"
Подготовка и начин на изработка
ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА
- Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината,по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
- Израмнување на подлогата: со Jubolin кит (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
- Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
- Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).
Начин на изработка
Нанос на Marmorinot (1 рака) со нерѓосувачка глетарка. Дебелина на наносот ~ 0,1 –0,2 mm. На глетарката ставаме малку Marmorin, кој со различни движења и во тенок слој го нанесуваме на површината. Вишокот на материјалот веднаш го собираме, така што на ѕидот останува саканата дебелина на наносот. При структурирањето на Marmorin Spatolato техниката, важна е насоката на работење. Ако нанесуваме од горе надолу, изгледот е поостар. При нанесување на Marmorinot во правец од доле нагоре, линиите во конечниот изглед се помеки. |
|
Нанос на Marmorinot (2 и 3 рака) движењата се како и кај првиот нанос. Предходниот нанос мора да биде сув пред следниот. Кога ќе биде аплициран и последниот нанос на Marmorin, чекаме подлогата потполно да исуши. По потреба меѓу наносите, површината лесно ја брусиме со брусна хартија во гранулација од 300 и повеќе. |
|
Израмнување на површината кога подлогата е потполно сува, со метална глетарка површината се мазни. Најпрвин лесно а потоа поинтензивно и со поголемо притискања по површината. Потезите треба да бидат во сите насоки. Површината поминува од полусјајна во многу сјајна и со голема длабочина. Со измазнување добиваме поголем контраст, затоа што на места на веќе измазнетиот Marmorin нијансата е потемна и блескава а во вдлабатините е матирана и по светла. |
|
Завршно со премазот Marmorin Shine за постигнување водоодбивност и поголем сјај, Marmorinot се премачкува со Marmorin Shine. Со тоа постигнуваме помала чувствителност на површината на контакт, прав, маснотии, вода и сл. |
Алат и Материјали
Алат
- Валјак
- airless
- Синтетичка ткаенина
- Нерѓосувачка лопатка
- Нерѓосувачка заоблена глетарка
Материјал
- JUPOL Gold
- Akrilna emulzija
- Marmorin Shine
- Jubolin kit (P25, P50)
- Marmorin