- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
"Pettinato"
Со употребата на PETTINATO декоративната техника, со вкрстени потези и со употреба на четка, ќе постигнеме специфичен и уникатен декоративен изглед на обоената површина. Во зависност од саканиот конечен изглед можеме PETTINATO техниката во просторот да ја искомбинираме со сликање со шаблони и така да добиеме уникатен и единствен амбиент. Со употреба на бојата JUB Decor Glamour површината добива убав и забележлив метален блесок.
Техника "Pettinato"
Подготовка и начин на изработка
ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА
- Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината, по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
- Израмнвање на подлогата: со Jubolin кит (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
- Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
- Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).
Начин на изработка
Соодветна подлогата Се сите врсти цврсти, фино измазнети ѕидни површини и површини со цврсто прифатени стари наноси на дисперзни водонерастворливи бои. Задолжително ги пребојуваме, со употреба на Jupol Latex Mat во нијанса која што е најсоодветна на избраната нијанса на JUB Decor Glamour. На повисоки ѕидови или поголеми површини, се препорачува 1 нанос на Glamour директно на површината на ѕидот со четка или со саканиот алат (без употреба на валјак). |
|
Мокар нанос Веднаш обработуваме со поголема или помала четка. Со кратки потези во различни насоки, површината ја обработуваме така што трагите од четката се изразито нагласени и многу видливи. На оформениот појас ги повторуваме двете фази и повторуваме се додека не ја обоиме целата површина. |
|
Нанесување на бојата во два слоја. Појасите ги спојуваме „на мокро“, така што обработените споеви да не се видливи, па затоа и првиот и вториот слој на боја ги нанесуваме со иста техника. |
|
Интересен декоративен изглед можеме да постигнеме исто така ако се уште мокриот слој на боја која што сме ја нанеле со валјак, ја структурираме со некој друг алат, на пример со сунѓер, пластична или челична молерска лопатка или само со валјакот со кој што сме ја нанеле бојата. Во сите случаи со сосема хаотично насочени или со складни потези на четката, сунѓерот или другите алатки постигнуваме повеќе или помалку релјефна површина, а со тоа поради различниот интензитет на одбивање на светлината и уникатен нерамномерен сјај. |
Алат и Материјали
Алат
- Долговлакнет крзнен валјак
- Четка за структурирање на површина
Материјал
- Jubolin kit (P25, P50)
- Akril emulzija
- JUPOL latex polmat
- Glamour