- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
Хидроизолација на потпорни и упорни бетонски ѕидови
Потпорните и упорните ѕидови имаат како функционална, така и естетска функција. Упорните ѕидови ги заштитуваат вкопаните ископи, а потпорните ѕидови ги заштитуваат, односно потпираат насипите. Со нивна помош ја задржуваме земјата од насипување или слегнување, а во исто време со нив може да се израмни теренот. Тие исто така имаат и декоративен изглед.
При самата градба често се случува да заборавиме да вградиме соодветна (хидро)изолација. Поради тоа, бетонот е изложен на атмосферски влијанија и на продирање на вода од позадината на ѕидот. Сето тоа предизвикува скратување на животниот век, неестетски изглед и оштетувања. Може да дојде и до кородирање и р’ѓосување, напукнување на бојата, отпаѓање на малтерот, излачување на соли на површината, како и појава на дамки и мевови.
Системските решенија HYDROSOL Ви нудат квалитетно и трајно средување на хидроизолацијата.
Компоненти на системот
Кај новоизградени потпорни ѕидови значајно е хидроизолацијата да се вгради на обете страни од конструкцијата, а пак при санација, поради преголемите трошоци за откопување на земјата, ова најчесто не е применливо. |
Сите поединости за вгардување на хидроизолација ви се достапни во брошурата.