Психологија на боите и боите во просторот

Боите влијаат врз работата на нашиот ум и на нашите чувства. Се фокусираме на боите кои ни носат благотворни ефекти.

Значење на светлината

Во секој осветлен простор нé опкружуваат предмети и материјали со различни бои, кои без светлина не би можеле да ги видиме. Од тие причини ефектот од обоеноста на просторот зависи од различните извори на светлина. Обично е тешко да се променат архитектонските детали во просторот, но затоа со внимателна употреба на боите и светлината, можеме да ги осветлиме сите темни делови на станот. При планирањето на комбинациите на бои за определениот простор, секогаш ја земаме во предвид и природната и вештачка осветленост на тој простор.

 Оптички ефекти на боите во просторот

Со боите можеме да доловиме посебна атмосфера и со нив можеме да ја истакнеме, или да ја сокриеме вистинската големина на просторот. Изборот на топли нијанси привидно ја смалува вистинската големина на просторот и ги доближува елементите во просторот, а пак ладните нијанси привидно го зголемуваат просторот и ги оддалечуваат елементите во  него.

 Затоа, во JUB Ве советуваме:

  • Малиот и темен простор можете оптички да го зголемите со ладни светли тонови (а посебно со светло сини нијанси), со бел таван, кој ќе створи впечаток на простран и проветрен простор. Од друга страна пак, поголемите простории можете оптички да ги намалите доколку ѕидовите ги обоите со потопли и потемни нијанси, во разни бои, на големи површини, со употреба на комбинации на различни материјали и техники.
  • Долгите простории можете привидно да ги скратите со пребојување на најоддалечените ѕидови во потемни нијанси, или да ги обоите со топла боја, која оптички ги приближува. Сосема спротивно, кратките простории оптички ќе ги оддалечите доколку крајниот ѕид го обоите со светла боја, или пак на него да поставите огледало.
  • Високиот таван делува пониско со светли топли бои, а ефектот е уште поголем доколку го пребоите со темна топла боја.

 Психолошката моќ на боите

 Боите имаат моќ да влијаат на нашето расположение. При тоа, личниот однос кон боите на секој поединец зависи од бројни фактори, како што се неговата старост, пол, расположение, модата и др. Секој од нас има свој спектар на омилени бои, кои ја изразуваат неговата личност и влијаат на задоволството. Доживувањето на боите е зависно од нашата наклонетост кон определените бои, од видот и интензитетот на светлината (дневна или вештачка светлина, интензитет на осветленост на просторот), биоритамот (боите наутро ги доживуваме поинаку, отколку навечер)...

 За да направите комбинација на бои во просторот, добро е да ги знаете некои од основните значења на боите:

  • Жолтата боја отсликува креативност и зрачи со ведрина и светлина, поради што жолтата боја ја поврзуваме со младост, разиграност и љубопитност.
  • Зелената боја е боја на трпеливост, Ја претставува природата, среќата, внимателноста и рамнотежата. Во исто време, одделни зелени нијанси можат да не смират, или да не „оживеат“.
  • Сината боја зрачи со мудрост и развој. Ги поврзува небото и водата и не тера на размислување, слобода и длабочина. Се препознава и во улога на авторитет, чистота и заштита.
  • Портокаловата боја помага за поттикнување на креативноста, а во исто време одразува чувство на удобност, вкус, активност, комуникација и инспирација.
  • Виолетовата боја е боја на интелигенцијата и на емоциите. Изразува чувство на раскош, престиж, женственост, а во исто време и нежност.
  • Црвената боја оддава страст, дрскост, а во исто време и опасност. Означува енергија, виталност, брзина, динамичност.
  • Розовата боја е боја на забава, разиграност, позитивност, нежност и женственост.
  • Златната и сребрената изразуваат студенило и богатство, а како последица на тоа претставуваат престиж.

Jub Design Studio

Пристап

Тон карта

Погледјате
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk