Dipi Super color

Пигмент за нијансирање на внатрешни бои

Опис

За оние купувачи кои сакаат да „создаваат бои“ во својот дом, оваа година ја обновивме понудата на DIPI средства за нијансирање. Новата генерација на средства за нијансирање DIPI на пазарот ќе ја понудиме во нови атрактивни шишенца, средството е појако и овозможува добивање на нијанси со поголем интензитет со иста количина на средства за нијансирање. Понудата е проширена и со четири нови атрактивни нијанси.

Својства

  • Dipi Super color е течен пигмент за нијансирање на боите JUPOL Classic и JUPOL Citro до пастелни нијанси. При нијансирањето во белата боја додаваме најмногу 3 шишенца од 100 ml на 15 l бела боја;
  • Dipi Super color не се употребува за нијансирање на силикатни, силиконски и варови бои, а ни како самостоен премаз.
  • поголема концентрација на средството за нијансирање;
  • нови, атрактивни нијанси во обновена амбалажа за постигнување на трендовски тонови во својот дом.

Детали

Подготовка и нанесување 
МешањеАлатот го чистиме со вода

Потрошувачка

При нијансирање, на белата боја и додаваме најмногу 3 шишенца од 100 ml на 15 l бела боја.

Амбалажа

шишенце 100 ml.

Пред употреба, детално прочитајте го техничкиот и сигурносниот лист.

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk