Обновливо боење на фасада

Би сакале да ја обновите фасадата на куќата во која живееме. Ѕидовите се ѕидани со бетонска цигла врз која пред 20 години е направена топлинско изолациска фасада. За тоа време на северната страна на куќата се појавија зеленкасти алги кои го нарушуваат изгледот на куќата, а и фасадата е доста измиена од врнжи. Ве молиме за совет: како да ги отстраниме алгите и која фасадана боја да ја употребиме за пребојување?

Одговор

Алгите и мувлата ја уништуваме со средството за уништивање на алги и мувла Algicid plus, со двоен нанос во период од 8-12 часа. Следниот чекор е нанесување на основен премаз кој ќе зависи од избраниот вид на боја. Предлагаме микроармирана фасадана боја, Revitalcolor AG или Revitalcolor silikon, кои дополнително го спречуваат растот и развојот на алги и мувла, а истата е и повеќе водоодбивна. Во случај да пребојувате со фасадна боја Revitalcolor AG, употребете основен премаз Akril emulzijа, која се разредува со вода во однос 1:1 и почекајте да биде сува на допир (околу 4-6 часа). Ако боите со боја Revitalcolor silikon, употребете основен премаз Siliconeprimer, кој се разредува со вода во однос 1:1. Почекајте основниот премаз да се исуши (околу 4-6 часа).

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk