Поканети сте заедно да креираме одржлива иднина!

Сакаме да го слушнеме вашето мислење! Пополнете ја нашата кратка анкета за одржливост, и помогнете ни да одредиме кои теми се најважни за вас.

Бидејќи сакаме активно да го следиме патот на одржливиот развој и да носиме деловни одлуки кои ќе имаат позитивно влијание врз животната средина, општеството и пошироката економија, започнавме со креирање активности од областа на одржливите теми кои се најважни за нашата групација и за нашите клучни чинители.

Групацијата ЈУБ ја сочинуваат 12 компании во Словенија и Европа. Главната компанија JUB d.o.o., со седиште во Дол кај Љубљана, ги поврзува сите подружници во Словенија и во странство. Групацијата има седум производствени погони, пет во Словенија и два во Србија.

Нас нè интересира кои области на одржлив развој се најважни за вас, и кои се оние со кои според вашето мислење треба особено интензивно да работи нашата Група.

Прашалникот нема да ви одземе повеќе од 5 минути, а вашите одговори ќе ни бидат од голема помош во идентификувањето на важните содржини на нашиот бизнис во областа на одржливиот развој. Исто така подобро ќе ги разбереме вашите потреби и очекувања, а воедно ќе можеме и поефикасно да ги решиме.

http://csrd.infinitepuresolutions.com/82/custom/answer/en

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk