- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
Најчесто поставувани прашања (FAQ)
П: Кога и што можам да пријавам?
Контактирајте не, доколку се сомневате или сте свесни за постапки или инциденти кои ги прекршуваат: внатрешните прописи на ЈУБ Групацијата, Кодексот на однесување, регулативата за спречување на мобинг, регулативата за спречување на несоодветно однесување или која било друга обврска на ЈУБ или други обврзувачки правила . Ве молиме поднесете ја вашата пријва без одлагање, бидејќи тоа за вас под никакви околности нема да има никакви негативни последици.
П: Како сум заштитен како пријавувач на неправилности (свиркач)?
ЈУБ д.о.о. собира и обработува лични податоци на пријавувачот (доколку пријавувачот ги обезбеди) и лични податоци на други учесници во наводното однесување за целите на истрагата во согласност со одредбите на важечките прописи од областа на заштитата на личните податоци (GDPR). На пријавувачот му се гарантира анонимност и заштита од одмазда. Меѓутоа, доколку сака да добие одговор во врска со обработката на неговата пријава, може да ни ги достави своите информации за контакт. Во случај на анонимни пријави преку онлајн формуларот, системот не го знае идентитетот на пријавувачот, туку ги евидентира IP податоците кои може да ги добие само надлежниот орган, поточно само во случај на законски пропишани процедури. Пријавувачите кои сакаат да останат анонимни не треба да ги внесуваат своите лични податоци во формуларот. Во овој случај пријавувачите се предупредуваат дека поради можниот недостаток на проверливи или дополнителни информации, можеби нема да биде можно целосно и темелно да се разгледа пријавата, ниту пак ќе биде можно да се испрати повратна информација до истите. Веднаш ќе ги избришеме личните податоци кои не се важни за постапување по поединечниот случај. Доколку се покренат понатамошни постапки врз основа на пријавата, податоците ќе се чуваат 1 година по завршувањето на интерните или судските постапки. ЈУБ Групацијата им обезбедува на сите пријавувачи највисоко ниво на заштита од каква било директна или индиректна одмазда.
П: Може ли да поднесам анонимен извештај?
Ве охрабруваме да го откриете вашиот идентитет кога поднесувате пријава, бидејќи тоа може да ја олесни истрагата и да обезбеди соодветни повратни информации до пријавувачот. Меѓутоа, ако сакате, можете исто така да изберете да останете анонимни.
П: Каков е процесот по поднесувањето на пријавата?
Пријавите ќе се обработуваат според процедурата за прифаќање и обработка на пријави што се применува во ЈУБ Групацијата. Лицето овластено да ги разгледува пријавите (правен советник на управата) ќе одлучи каков процес ќе се спроведе и ќе ве контактира за какви било прашања или барања за дополнително појаснување. Доколку ни ги дадете вашите информации за контакт, ќе бидете информирани за исходот од истрагата во врска со вашата пријава. Во сложени случаи, истрагата може да потрае неколку недели.
П: Со кого можам да контактирам за дополнителни појаснувања или информации во врска со поднесување на пријава?
За сите дополнителни објаснувања, консултации и информации, во секое време можете да се обратите кај правниот советник на управата: email: pravo@jub.eu oz tel.: +386 1 588 41 11 ali +386 31 321-294.