"Jeans" изглед на Jeans

Со техниката JEANS постигнуваме изглед на структура на модеренс џинс, по кого денес „лудуваат“ сите генерации. JEANSОТ стана симбол на модерниот начин на живот, па затоа си го замислуваме дури и на ѕидни површини кои на просторот би му оставиле модерен печат.

 

Техника "Jeans"
Подготовка и начин на изработка

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА

 

  1. Израмнување на подлогата: со Jubolin кит (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
  2. Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
  3. Импрегнација: со Jubosil GF или Silicateprimer.

Начин на изработка

 

Нанос на релјефната смеса 1

се нанесува со широка четка. Приготвуваме смеса од Revital Primer и Jubosilcolor Silicate бел во рамер 1:1. Смесата ја нанесуваме со широка четка во вертикален правец. Задолжително време за зацврстување на премазот е 24 часа.

 

Нанос на релјефната смеса хоризонтално

Се нанесува со широка четка. Приготвуваме смеса од Revital Primer и Jubosilcolor Silicate бел во рамер 1:1. Смесата ја нанесуваме со широка четка во хоризонтален правец. Задолжително време за зацврстување на премазот е 24 часа. Со тоа постигнуваме примерок со правоаголни линии.

 

Примерок Antique

За првиот нанос саканата нијанса се разредува со вода до 10%. Го нанесуваме со широка четка во вертикален правец, а потоа и во хоризонтален правец. За поинтензивен изглед нанесуваме повторно Antiquе.

Алат и Материјали

Алат

  • Валјак
  • Нерѓосувачка глетарка
  • Нерѓосувачка лопатка
  • Брусна хартија
  • Широка четка

Материјали

  • Antique
  • Jubosil GF или Silicateprimer
  • Jubolin kit (P25, P50)
  • JUBOSILcolor silicate
  • Revital primer

Jub Design Studio

Пристап

Тон карта

Погледјате
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk