»Pearl« изглед на бисер

Со декоративната техника PEARL добиваме изглед на рамномерно распоредена структура, со прекршување на фините светки, кои на површината создаваат бисерен изглед кој се прелива. Со оглед на бисерниот конечен изглед оваа техника го добила името PEARL, што на англиски значи бисер.

Техника "Pearl"
Подготовка и начин на изработка

Подготовка на подлогата

  1. Израмнување на подлогата: со Jubolin кит (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
  2. Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
  3. Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).

Начин на изработка

Боење на подлогата

Подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Се употребува бела боја на JUPOL lateks polmat, по желба можеме да ја комбинираме нијансата на подлогата со нијансата на Perlata (по сложена постапка).

Нанесување со валјак

Perlata ја нанесува првиот мајстор, на површина од 0,5 должен метар. Дебелината на наносот е ~ 0,2 –0,5 mm. Perlata не смее да се засуши пред вториот мајстор да ја обликува структурата на примерокот.

Обликување на структурата

вториот мајстор со декоративниот валјак веднаш ја обликува структурата на примерокот со вертикални потези, а потоа во правец на една дијагонала и на крајот во правец на спротивната дијагонала. Кога декоративниот валјак ќе се засити со Perla, едноставно го пребришуваме.

 

Алат и Материјали

Алат

  • Природен валјак
  • Нерѓосувачка глетарка
  • Нерѓосувачка лопатка
  • Валјак „Flok“
  • Декоративен валјак

Материјал

  • Perla
  • Akril emulzija
  • Jubolin kit (P25, P50)
  • JUPOL lateks polmat
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk