»Versus« кора на дрво

Со техниката VERSUS (латински изрз за „бразда“) постигнуваме атрактивен изглед на скапоцена површина, по која рамномерно се распоредени надолжни (попречни) бразди, кои се пополнети со Marmorin или со JUB Decor Glamour. Изгледот може да се спореди со изглед на кора од дрво или патина на дрвените површини, која настанува поради временските влијанија.

Техника "Versus"
Подготовка и начин на изработка

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА

  1. Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината, по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
  2. Израмнување на подлогата: со Jubolin kit (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
  3. Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
  4. Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).

Начин на изработка

postopek izdelave

Нанос на Marmorinot

со нерѓосувачка глетарка. Дебелина на наносот ~ 2 –3 mm. Ширината на наносот да биде ~ 0,5 должен метар.

Изработка на структурата на Marmorinot

Се изработува со декоративна четка. Почнуваме од крајниот лев агол и продолжуваме во правец на предходно нанесениот материјал. Декоративната четка ја влечеме по површината во саканиот правец со преклопување помеѓу потезите. Потезите да бидат од почетокот до крајот наеднаш завршени. Кога Marmorinot ќе се насобере помеѓу пластичните иглички на четката, истата ја чистиме со вода и ја сушиме.

Премаз на Glamour

Glamouot се нанесува на потполно сув Marmorin.

Измазнување на наносот

 Со глетарка ги измазнуваме испакнатите делови од наносот, додека Glamourot е се уште мокар. Аголот помеѓу глетарката и површината треба да е над 45 0. Наместо Glamour можеме да употребиме и соодветна нијанса на Marmorin, кој го нанесуваме со глетарка.

 

Алат и Материјали

Алат

  • Декоративна четка
  • Валјак
  • Четка
  • Нерѓосувачка заоблена глетарка
  • Нерѓосувачка лопатка

Материјал

  • Marmorin
  • Glamour
  • JUPOL Gold
  • Akril emulzija
  • Jubolin kit (P25, P50)

Jub Design Studio

Пристап

Тон карта

Погледјате
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk