Бојата на 2022 година

2022 година ќе блесне во бојата на годината Dusty pink − Family 100E. Бојата на 2022 година е пепеласто розова, нежна и женствена. Со својот земјен тон одразува удобност, спокојство, топлина и сигурност.

Со својата трендовска нијанса ги изразува најновите трендови во модата, ентериерот и архитектурата. Препорачуваме комбинација со нежни, особено беж и кафени земјени тонови, со топло дрво, текстил и метали како розово злато, како и бакар, или со поладни сиви нијанси.

 

Бидејќи изборот на бои е наш приоритет при дизајнирање на ентериери, важно е какви нијанси на бои и какви комбинации на бои, текстури и материјали ќе користиме во нашиот простор за живеење следната година.

 

   

   

Бојата на 2022 година буди пријатни чувства кај нас и ни ја обезбедува благосостојбата и доброто расположение во затворен простор. Карактерот на избраната нијанса на бојата на 2022 година комбинира нежност, привлечност, топлина, страст и енергија, како и инспирација, трпеливост, посветеност и мотивација, со еден збор - женственост на која никој не може да и одолее.i.

 

   

   

 

“ Кога ќе ги изберам вистинските бои...... Ми ги навестуваат најубавите утра.

И во текот на денот ја негуваат мојата најнежна страна.

Ме охрабруваат да останам креативна, самоуверена..

Да се осмелам да размислувам надвор од рамките.

Се грижат секогаш во домот

да се чувствувам удобно и задоволно.

Мојот живот е поубав во вистинските бои.“

   

   

На тон картата на бои JUB Favorite Feelings ќе ја најдете под ознаката Family 100E, заедно со други посветли и потемни нијанси (од А до F), кои ќе бидат погодни за комбинации во сите простории од Вашиот дом.

 

Barva leta 2022 - DUSTY PINK
Barva leta 2022 - DUSTY PINK
Barva leta 2022
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk