- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
Производи за заштита на пчеларници
Меѓу производите за дрво, на пазарот се појавуваат два вида на премази и тоа: класични алкидни премази на база на растворувачи, како и еколошките премази на водена база.
Боење на водена база
- Еколошки поприфатливи од боите на растворувачи, како што беше потврдено присуството на ниско ниво на испарливи органски супстанции и согласност со сертификатот SIST EN 71-3 in SIST EN 71-9 за завршниот премаз.
- Пократко време за работа – премазот се суши за само неколку минути, затоа мора внимателно да се нанесува, задоцнети поправки не се возможни.
- Брзото сушење на водениот премаз, овозможува повеќе наноси во еден ден, и со тоа значително намалување на времето потребно за работа.
- Премазот, може да се разреди со вода. Четките и останатиот употребен алат, може лесно да се измие со детерген и вода.
- Премазот на водена база нема непријатна миризба и во внатрешни простории белата боја не жолтее.
- Широка палета на нијанси. Кај лазурите, има повеќе од 50 нијанси, кај покривните премази JUBIN Decor има бројни нијанси по тон картата на JUB Favourite feelings, RAL и NCS.
- Мора да се внимава при складирање на бојата, бидејќи истата не смее да замрзне.
Премазот за дрво на водена база JUBIN, се употребува како основен премаз и кај транспарентниот премаз за дрво JUBIN Lasur и кај покривниот премаз за дрво JUBIN Decor Universal. Давата премази се употребуваат во систем со соодветен основен премаз (JUBIN Decor Primer + JUBIN Decor Universal, JUBIN Impregnacia + JUBIN Lasur). JUBIN Impregnacia е биоцидна импрегнација, која овозможува заштита на дрвото од појава на штетници. Импрегнацијата се препорачува и за заштита на пчеларниците од штетници.
Бои на база на растворувачи
- Наредниот нанос може да се нанесе после 24 часа, кога првиот слој ќе биде целосно сув.
- Отисоци од четката се возможни, поради природата на алкидните премази, можна е корекција подолго време.
- Како по правило, тие имаат нешто подобро разлевање и повисок сјај во споредба со бојата на водена база.
- Филмот од алкидниот премаз, постепено станува тврд и кршлив, посебно на површината, а со тоа и побрзо и рамномерно иабледува на површината. Таквиот слој може едноставно да се обнови, така што најпво се одтрануваат сите слабо врзани честички на површината, и повторно се пребојува со нов премаз.
- Бројот на нијансите е ограничен на дванаесет.
- За разредување на бојата како и за перење на четката се употребува соодветен разредувач.
JUBIN премази на база на растворувачи, претставуваат класичние алкидни премази. Во групацијата на премази за заштита на дрво спаѓаат JUBIN Email Universal како покривен премаз, кој се употребува во систем со основниот премаз JUBIN Wood Primer.
За заштита на пчеларници, се употребуваат и двете врсти на завршен слој, како на водена база така и на база на растворувачи. Сепак, премазите на водена база се поеколшоки, па за пребојување на пчеларниците тие се нашата прва препорака.
Системи кои ги препорачуваме за заштита на пчеларници |
---|
|
Без разлика на тоа дали ќе се употреби системот на водена база или тој на база на растворувачи, многу важен е и изборот на нијансата. По правило завршниот слој треба да биде во светла нијанса. Светлите нијанси содржат помал процент на пигменти за заштита на дрвото од UV зрачење, па затоа и заштитата е помала. Посилните, потемни нијанси, на површината на дрвото полесно се загреваат па затоа истото полесно се растегнува и крши. Ова предизвикува побрза деградација и честа регенерација на многу темните нијанси (на пр. Абонос), во споредба со дрво пребоено со лазурна боја со средна нијанса како на пример тиковото дрво.
Izdelki za zaščito čebelnjakov(pdf , 1.45 MB)