ЈУБ Академијата обучува во Македонија

На почетокот на Септември во С. Македонија  ЈУБ организираше тридневна професионална обука за професионални изведувачи во градежништвото. 

Детално презентиравме иновативни и технолошки напредни фасадни системи, малтери, бои и премази погодни за примена кај нови градби, реновирање и одржување на надворешни и внатрешни површини на згради. Обуката која се одржа во рамките на ЈУБ Академијата ја следеа во живо повеќе од 110 учесници за три дена, а на другите заинтересирани во јавноста им беа обезбедени и програмски презентации на ЈУБ преку директен пренос на JUB FB live.

 

       

.

Првиот ден на изведувачите им го претставивме системот за топлинска изолација JUBIZOL, фасадните малтери, лепила и декоративните завршни слоеви. Примената на овие материјали беше извршена машински преку уредот Wagner PC 1030, а апликацијата на фасадните бои со уредот Wagner SF 23.

Вториот ден беше посветен на презентација на производите на JUB за внатрешна декорација. На учесниците практично им ја покажавме машинската апликација на масите за израмнување JUBOLIN и основни премази, како што се JUKOL primer, Akril emulzija и Silikate primer, како и бои за внатрешни работи од фамилијата JUPOL. За апликација се користеа уредите Wagner SF 23, РР 90 и HC 750.

 

       

Третиот ден ги запознавме изведувачите со ЈУБ-овите декоративните техники што ги препорачуваме за апликација во станбени и деловни ентериери. Учесниците беа во можност да ги следат практичните имплементации на техниките како што се DECOR Crystal, DECOR Cashmere, DECOR Delight, DECOR Desert и DECOR Glamour

                                                                            

 

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk