- За компанијата
- Контакти
- Сите производи
- Тон карта
- JUB TV
- Испратете прашање или барање
- Мапа на локација
Трговската марка JUPOL веќе 45 години на пазарот
Published on: 4. 9. 2014
Претпријатието JUB е најстар производител на ѕидни бои во Словенија. Неговата историја досега до 1875 година, кога започна настанувањето на ѕидни премази од мелена и пигментирана глина, а подоцна пак, производите кои технолошки му одговараа на развојот на оваа стопанска гранка.
JUPOL Classic е боја која не е штетна по здравјето и околината, направена на водена база и е едноставна за употреба и одржување.
Во 45 годишниот развој, последното подобрување со нова формула JUPOL Classic го доживеа во 2013 година, при што со својата ефикасност отсега на корисниците им овозможува боење на 20 проценти повеќе ѕидни површини.
Почетоците и развојот на трговската марка JUPOL
Фабриката JUB, која низ децениите успешно се прилагодуваше на технолошките промени, почетоците на побрзиот подем особено ги забележа во шеесеттите години на минатиот век. По успехот на Juboflor, во 1969 година JUB на пазарот му ја претстави подготвената дисперзивна боја JUPOL, која настана со комбинирање на својствата на Jubocolor и Juboflor*.
Архива на записи од развојната и апликативната област во тоа време во JUB скоро и да немаше. Во развојниот оддел постоеја два документа од областа на ацетатните и акрилните производи. На Regovеc треба да му се припишат заслугите за два производа, кои на пазарот постигнаа голем комерцијален успех – внатрешната ѕидна боја JUPOL и прсканиот фасаден малтер JUBOLIT.
Со доаѓањето на Štefan Hoyer почнуваат да се градат темелите на денешното успешно меѓународно претпријатие JUB
Во 1976 година тогашниот комерцијален директор Izidor Furlan го зајакна продажниот оддел со нови соработници. Работното место раководител на продажба го превзема економистот Štefan Hoyer, кој речиси целиот свој работен век му го посвети на JUB. Во 1977 година стана директор на комерцијалниот сектор, кој го водеше се до 1982 година, а потоа го превзема целосното раководење со JUB, како генерален директор.
JUPOL по 1996 година бележи раст на продажбата и покрај загубата на Југословенските пазари
Кадровски JUB го зајакна и развојниот сектор, кој денес во рамки на JUB TRC вработува 37 врвни стручњаци. Негови главни задачи се развој на производите и технологијата за завршните слоеви во градежништвото, како и оспособување и едукација на кадри, како за потребите на Групацијата JUB, така и за надворешни партнери. Со сертификатите кои ги добива за производството на своите производи и со признанијата за нивниот квалитет, JUB со текот на времето се повеќе го зацврстува својот углед и положбата на пазарот.
JUB TRC: На 16. Април 2010 година, JUB ја одбележа 135-та годишнина од своето постоење, со свечено отворање на новиот Технолошко истражувачки центар (Tehnološko raziskovalni centаr - TRC), кој важи за еден од најмодерните во Европа.
45 години на бојата JUPOL Classic и фамилијата JUPOL
JUPOL Classic е внатрешна ѕидна боја, во која што потрошувачите имаат доверба веќе 45 години. таа е една од најпрепознатливите трговски марки, како во Словенија, така и на останатите пазари: хрватскиот, српскиот, босанскиот и македонскиот. Направена е на водена база, па затоа и не е штетна по здравјето и околината, а истовремено е и едноставна за употреба и одржување. Уште од почетокот JUB го прилагодува JUPOL Classic на потребите на своите купувачи, како со постојаното подобрување на рецептурата, така и сo развојот на амбалажата.
139 години на претпријатието JUB
Денес JUB е модерна фабрика и позната меѓународна компанија со свои моќни трговски марки, од кои околу 75 % ги продава во странство. Со развој на свои нови производи и услуги, кои не се штетни по здравјето и околината, се стреми кон енергетски штедливи и трајни решенија во градежништвото.
jupol_45_godini_-_copy.pdf(pdf , 1008.82 KB)